Потег за респект: Пепе им даде плата на работниците во Бешикташ и си замина со стил

Португалскиот дефанзивец Пепе низ годините се стекна со имиџот „валкано момче“, бидејќи често пати знаел дури и намерно да повреди некој од противничките играчи. Овојпат Пепе направи потег за почит, а посрбно благодарни му се вработените во клубот Бешикташ.

Одбранбениот играч реши да го прифати раскинот на договорот со турскиот гигант и си замина од Истанбул. Причина за раскинот е тоа што Бешикташ е во финансиска криза и веќе неколку месеци нема исплатено плати на вработените. Пепе со пет милиони евра годишна плата беше еден од најскапоплатените. Откако виде дека нема пари, тој се согласи да си оди.

Пред да замине од Истанбул, Пепе реши да ги развесели оние луѓе кои се вработени во клубот како што се чистачи, готвачи и останатиот персонал и им ги исплати заостанатите плати, обврска која требаше да ја завршат челниците на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести