Потег за восхит: Победија, изнајмија велосипеди и возеа до болница за да слават со оперираниот Феран Торес (Видео)

Барселона синоќа славеше на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол (0-2) и со победата ја обезбеди титулата шампион на Шпанија. По натпреварот следуваа немили сцени бидејќи домашните навивачи не сакаа играчите на Барса да ја прослават титулата на нивниот стадион, но потег за восхит направија четворица играчи на каталонскиот тим.

Кога сите тргнаа со тимскиот автобус, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Педри и Ињиго Мартинес решија да не заминат со остатокот од тимот, туку да изнајмат велосипеди и директно да одат во болница за да го посетат нивниот соиграч Феран Торес, кој итно беше опериран поради воспаление на слепо црево.

Педри уште во соблекувалната го повика Феран Торес на видеоповик и му најави дека доаѓаат во болница за да прослават заедно.

Тие од Корнеља се упатија кон болницата во Барселона за да ја прослават титулата и со Феран, со што го воодушевија него и ја покажаа вистинската човечност и тимската поврзаност.

- Оглас -

Најнови вести