Потегот на Меси кој го воодушеви светот: Одмавна со рака и му ја остави лентата на Отаменди (Видео)

Аргентина со минимални 1-0 го совлада Парагвај и со максимален ефект од три победи на три натпревари останува лидер во јужноамериканските квалификации за Светсото првенство во 2026-тата година.

Лионел Меси на овој натпревар не беше стартер, поради повредата која ја заработи во МЛС лигата и паузата која ја имаше, но во игра влезе во 53-тата минута на местото на Алварес. Капитенската лента на овој натпревар ја носеше Николас Отаменди, кој беше и стрелец на единствениот погодок на мечот.

Во моментите кога Меси се подготвуваше да влезе во игра, Отаменди тргна да му ја предаде капитенската лента, но Меси само одмавна со раката и го остави колегата да биде капитен. Сепак, Отаменди кој на своето тело има две тетоважи од најдобриот светски фудбалер, во продолжение на мечот му ја предаде капитенска лента на Меси.

- Оглас -

Најнови вести