Московското дерби помеѓу Спартак и Динамо заврши со непопуларните 0-0, но мечот ќе се памети по неспортскиот потег на Аргентинецот Езекиел Понсе.
Понсе во 35-та минута доби црвен картон, откако направи многу груб прекршок врз голманот на Динамо, Антон Шунин. За поранешниот член на Њуелс олд бојс веројатно ќе следи суспензија поголема од вообичаената од само еден меч, бидејќи ова не е обичен фаул, туку доста груб и неспортски. Ако добие два или повеќе меча суспензија, 22-годишниот Понсе нема да игра во другото градско дерби, против ЦСКА.
Ваков прекршок не се памети уште од финалето на СП 2010, кога Најџел Де Јонг „му влезе“ на Чаби Алонсо.
Погледнете го „мајагери-то“ на Понсе со ѓон во градите на голманот: