Првиот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски, има повреда на стапалото и не е ни меѓу резервите на Жирона на мечот со Атлетико Мадрид.
Ова е потенцијален проблем за селекторот Благоја Милевски бидејќи за помалку од две недели Македонија ја очекува квалификациски натпревар за СП 2026 против Белгија, а три дена подоцна и против Казахстан на гости.
Миовски кој во последните два месеци одигра само 22 минути за својот клуб, ги пропуштил последните неколку тренинзи. Не е познато колкава е тежината на повредата, и дали неговиот настап за репрезентацијата е под прашање.