Елиф Елмас излегол од игра на пријателскиот ме со кипарски Аполон затоа што зсе повредил, објавуваат италијански медиуми.
Се гледа како Елмас има мраз на задната ложа на левата нога. Првите прогнози се дека повредата е ситна, што е олеснување и за селекторот Благоја Милевски, бидејќи за неполн месец Македонија игра со Италија во квалификациите за ЕП 2024.
Тренерот на Наполи, Руди Гарсија, после контролата со Аполон изјави дека неговиот тим играл подобро во второто полувреме, што истотака не е добра вест за Елмас, кој играше само во првите 45 минути.