18.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Потенцијалниот газда на Челзи најавува: Наскоро турското знаме ќе се вее во Лондон!

Турскиот милијардер Мухсин Бајрак, верува дека е главен фаворит за купување на Челзи, на големо се водат преговори со адвокатите на Роман Абрамович.

Бајрак е претседател на АГ Холдинг Група која инвестира во градежништво, туризам и енергетика и бродарство. Неговата фамилија важи за една од најбогатите во Турција иако во европски рамки не е многу позната. Богатството му се проценува на околу 11 милијарди долари.

„Преговараме за купување на Челзи и сè оди добро, ни остануваат само потписите. Ова е важно за цела Турција, во контакт сме со Абрамович и блиску сме до потпишување на договорот. Наскоро, турско знаме ќе се завиори во Лондон“ – изјави Бајрак.
- Оглас -

Најнови вести