Репрезентацијата на Шведска има само еденбод во квалификациите за пласман на Светското првенство, но и покрај тоа ќе игра во баражот, во март следната година и тоа преку Лигата на нации.
На мечот против Швајцарија на клупата на Шведска дебитираше англискиот стручњак, Грем Потер, но дебито нема да го памети по добро, бидејќи загуби со убедливи 4-1, но како што вели, ова е само подоготвка за тоа што следува во баражот.
„Резултатот е тежок за нас. Швајцарија е добар тим. Се држевме на ниво и постигнавме навистина добар гол. Потоа имавме голема шанса да направиме 2:1. Понекогаш малите разлики треба да бидат на твоја страна. Не беше вечер во која уживавме, но мора да се осигураме дека ќе славиме како што тие славеа вечерва, кога ќе стигнеме до плејофот во март. Треба да продолжиме напред. Во моментов не сме на нивото на кое се тие. Вториот гол на Швајцарија беше само грешка. Треба да научиме и да не ја влошуваме ситуацијата. Немам за што да се пожалам од денешното издание, но во одбраната можеме да бидеме подобри и треба да извлечеме поука од тоа.“ – рече Потер.
Шведска има четири порази на последните четири натпревари, по двапати загуби од Косово и Швајцарија, а до крајот на квалификациите ќе игра и против Словенија, против која го освои единствениот бод.

