Потер на добар пат да го доживее првиот пораз на клупата на Челзи, Тотенхем игра сè полошо

Брајтон води со 3:0 по првото полувреме против Челзи во рамки на 14-то коло во Премиер лигата. Резултатот го отвори Леандро Тросард по само пет минути игра, а домашниот тим на 2:0 зголеми во 14-тата минута благодарение на автоголот на Рубен Лофтус-Чик. Во последните моменти од првиот дел, Тревох Чалоба си постигна автогол за убедива предност на Брајтон од 3:0.

Според прикажаната игра во првиот дел, Брајтон е на добар пат да му го нанесе првиот пораз на својот поранешен тренер, а сега актуелен на Челзи, Греем Потер во Премиер лигата. Потер на осми септември седна на клупата на Челзи и оствари три победи и две ремија во Премиер лигата.

Негатива по првиот дел има и Тотенхем кој веќе е во црна серија од два порази. Петлите губат по првиот дел од 1:0 на гостувањето кај Борнмут и тоа благодарение на голот на Кифер Мур.

Водство по првиот дел има и Кристал Палас против Саутемптон. Одсон Едуард во 39-тата минута му донесе предност на домашниот тим.

Без голови по првото полувреме е на мечот меѓу Брентфорд и Вулверхемптон, додека  Њукасл со голот од пенал во седмата минута од продолжението на Вилсон поведе против Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести