Потер сам се брка од Челзи, го фали поранешниот сопственик Абрамович

Новиот сопственик на Челзи, американскиот милијардер Тод Боли, откако го презеде клубот од Роман Абрамович, потроши повеќе од 350 милиони евра за засилувања, но резултатите изостанаа, а можно е наскоро тренерот Греам Потер да добие отказ.

Потер седна на клупата на Сините по стартот на сезоната откако Томас Тухел доби отказ по поразот од Динамо Загреб во првото коло од ЛШ, но засега не успева да ја крене екипата и да се замеша во трката за титулата, а можно е да добие отказ поради изјава во која го фали поранешниот газда на Челзи, Роман Абрамович.

Потер по поразот од Манчестер сити, а пред претстојниот дуел со Фулам, зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа клубот и го фалеше Русинот кој повеќе од две децении беше сопственик на Челзи.

„Околу 20 години клубот беше воден на одреден начин и тоа добро функционираше. Имам голем респект кон поранешиот сопственик поради сè што направи за клубот. За жал, повеќе не е тука и ние загубивме еден вид лидерство. Дојдоа нови сопствениците и сè брзо се промени. Ако погледнете што се случуваше во изминатите шест месеци, ќе забележите многу работи“, рече Потер.

Тој смета дека има многу промени во тимот, и на играчки и на раководен кадар, и никому не му е лесно да се навикне на новонастанатата ситуација.

„Би било непочитување доколку се каже дека некој си заминал и работите ќе продолжат да се одвиваат во ист ритам. Имаме нов стручен штаб, нова структура, нови луѓе, многу работи треба повторно да се ‘изградат%. Но, во исто време имате идентични барања и идентични очекувања. Треба да бидеме реални и да кажеме дека сè уште не сме таму каде што треба да бидеме“, додаде Потер, кој повторно го пофали Абрамович.

„Претходните сопственици беа фантастични, а сега е време за ново поглавје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести