Потфрлија Реал, Јуве, Тотенхем, но не и Хетафе

Хетафе со триумфот од 2-0 против Ајакс во првата пресметка од 1/16-финалето од Лигата на Европа оствари нешто што не им успеа на великаните Реал Мадрид и Јувентус, како и на актуелниот европски вицепрвак Тотенхем. Пред овој меч, Ајакс беше во серија од 14 гостински средби без пораз во европските натпреварувања.

Оваа низа траеше од минатосезонските квалификации во Лигата на шампионите, а како што веќе знаеме, Ајакс лани стигна до полуфиналето поминувајќи ги гигантите како Реал и Јувентус. Оваа сезона иако Ајакс заврши на третото место во групата Х зад Челзи и Валенсија, не загуби на ниту едно од трите гостувања.

Победата ја најави Дејверсон во 38-мата минута, а ја потврди Кенеди во судиското надополнување.

- Оглас -

Најнови вести