Џанлуиџи Донарума тешко се носи со наелектризираната амтосфера на „Сан Сиро“ и свирежите на навивачите на Италија, а особено на Милан, па за првпат во репрезентативната кариера прими два гола како голман на Италија.
Донарума веќе пет години брани за Аѕурите, беше еден од главните јунаци летово кога беше освоена и титулата европски првак, но сето тоа не беше доволно за да ги избегне свирежите од домашната публика на „Сан Сиро“ вечерва во полуфиналето против Шпанија.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1445838523333062656?s=20
Навивачите на Милан не можат да му простат на голманот што си замина од клубот и не сакаше да го продолжи договорот. Го нарекуваат Доларума, со асоцијација дека повеќе го интересираат парите од верноста кон Милан, а дури имаше и транспаренти дека воопшто не е безбеден во Милано.
Шпанија во финишот на мечот води со 2:0 со головите на Феран Торес и е блиску до финалето на Лигата на нациите, а Донарума конечно во 38-миот меч за Италија прими повеќе од еден гол.