Потонаа Леванте и Барди

Црната серија од пет меча без победа на Леванте продолжи и вечерва со пораз од Валјадолид на гостински терен. Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди дозволи пресврт само за пет минути и загуби со 1-2.

Постиго им донесе предност на гостите од Валенсија во 48-мата минута, но потоа следуваше експресен пресврт за победа на Валјаадолид. Во 50-тата минута Унал израмни на 1-1, потоа беше исклучен Вукчевиќ кај Леванте, а предноста од играч повеќе на теренот ја искористи Начо со победнички гол во 55-тата минута. Возбудливи седум минути што му донесоа нов пораз на Леванте. Екипа која сега е на делба на последната позиција во Ла Лига само со 4 бода.

Валјадолид со шест е на 13-тото место. Во вториот меч вечерва Алавес и Хетафе ремизираа 1-1. Од 22 часот ќе се игра последниот натпревар од шестото коло меѓу Жирона и Бетис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести