Дуелот помеѓу Аталанта и Комо, со кој треба да се комплетира петтото коло од италијанската Серија А, нема да се игра вечерва, туку е одложен и ќе се игра утре, од 20.45 часот.
Мечот требаше да се игра вечерва од 20.45 часот, но теренот беше поплавен од силниот дожд кој наврна во Бергамо и немаше услови за игра. Половина час подоцна се направи нова контрола и беше решено мечот сепак да се игра вечерва, од 21.45 часот. Но, последната инспекција утврди дека тоа не е можно и ќе се игра 24 часа подоцна од првично планираното.