Потоп во Букурешт – Одложен е и тренингот на македонската репрезентација

Големо невреме го зафати Букурешт, а вистински потоп и се случи на националната арена, на која тренингот на Австрија е прекинат, а најмалку еден час од предвиденото времеќе доцни и тренингот на македонската репрезентација.

Австријците почнаа со официјалниот тренинг некаде по 15 часот, но веднаш го прекинаа, откако невремето оддеднаш направи вистинска поплава во Букурешт.

Македонската репрезентација требаше да има прес-конференција, овде на националната арена во 16.45 часот, а веднаш потоа и да го оддржи официјалниот тренинг пред утрешното деби на ЕП, но сето тоа е пролонгирано за најмалку еден час.

Утре го играме историскиот меч на ЕП, против Австрија од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести