Потпиша договор, па прослави пренесувајќи во живо како води љубов

Клинтон Нџије неодамна потпиша четиригодишен договор со Динамо Москва. Камерунецот кој минатата сезона настапуваше за Олимик Марсеј, а го има носено и дресот на Тотенхем, се занел во прославата, па направил голема грешка.

Потпишувањето на новиот договор го прославил со малку повеќе алкохол и неговата девојка. Откако се напиле повеќе отколку што треба, тие решиле да водат љубов. Проблемот се случил кога Нџије го земал телефонот и се вклучил во живо на социјалната мрежа „Снепчат“. Во тој момент, неколку илјади луѓе во живо ја гледале неговата љубовна авантура.

Неколку часа подоцна, кога Нџије се освестил и видел што направил, се извини.

„Извинете, премногу испив. Го славев новиот договор и само сакав да прочитам некои вести. Притиснав погрешно копче“, објасни Клинтон, кој дојде во Динамо за трансфер вреден шест милиони евра. Камерунецот во дресот на Марсеј одигра 83 меча во кои даде 16 голови, а имаше и 10 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести