Американскиот бек Деандре Кејн кој во претходните две сезони го носеше дресот на евролигашот Макаби Тел Авив, пред четири дена потпиша отворен договор со српскиот тим Мега Бемакс и требаше да биде огромно засилување за клубот чиј газда е менаџерот Мишко Ражнатовиќ, и се бори за опстанок во АБА лигата.
Кејн беше промовиран како играч на Мега, се сликаше во дресот на овој тим, но во Белград остана само три-четири дена. Доби понуда од Перистери, и денеска е објавено дека потпишал за овој грчки клуб со кој ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА. За да не биде дека договорот со Мега бил џабе, Кејн одигра еден меч, оној во петокот во Загреб против Цибона, кога даде 14 поени.