Потпишан најголемиот договор во историјата на спортот во САД – 700 милиони долари за 10 години

Бејзбол играчот Шохеи Охтани ќе влезе во историјата на спортот во САД како човек кој ќе стави параф на најголемиот договор.

Охтани се договори со МЛБ-тимот Лос Анџелес доџерс да потпише нов десетгодишен договор кој ќе му донесе неверојатни 700 милиони долари. Оваа сума е дури за 300 милиони долари поголема од претходниот рекорд.

Охтани кој е најдобар играч во МЛБ-лигата, изминатите пет години настапуваше за Лос Анџелес ејнџелс, но по завршување на договорот, се одлучи да потпише за градскиот ривал.

„Ветувам дека ќе го правам тоа што е најдобро за тиот и секогаш ќе давам се од себе за да бидам најдобар. До последниот ден од кариерата сакам да одам само напред, не само за Доџерс, туку за самиот бејзбол“, напиша Охтани на социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести