Потписот за Јувентус му донесе голема популарност на Инстаграм

Шведскиот фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски, воодушеви со игрите во дресот на Парма, па тоа не остана незабележано од многу големи клубови и Јувентус го купи за 35 милиони евра, а трансферот во Јуве на нашинецот му донесе и зголемена популарност. Кулушевски до крајот на сезонава ќе игра за Парма, викендов има меч со Аталанта чиј член беше до пред некој ден, а по завршувањето на сезоната ќе го облече дресот на најтрофејниот италијански клуб.

Но, самиот потпис за Јуве и големите очекувања од него во иднина, го направија Кулушевски многу попопуларен отколку досега. Пред да потпише за Старата дама, Дејан на Инстаграм имаше 57.000 следбеници, а сега за само два дена после потписот за Јуве, веќе има речиси 150.000. А, бројката расте од час во час.

- Оглас -

Најнови вести