Француските власти водат истрага за наводно „тргување со влијание“ против поранешен потпретседател на собранието, објавија медиумите.
Се претпоставува дека тој како член на владеачката партија можел да влијае ПСЖ да добие даночно олеснување при плаќањето на откупната клаузула од 222 милиони евра на Барселона за трансферот на Нејмар. Овој трансфер се случи во 2017 година и понатаму останува најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Обвинителите ја чешлаат телефонската преписка меѓу поранешниот претседател на собранието, Уго Ренсон, кој е член на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, и тогашниот директор за комуникации во ПСЖ, Жан Мартијал Рибес.
Ренсон го известувал Рибес за сè што зборувал со неколку француски министри во врска со даночните олеснувања кои клубот потоа ги добил при реализацијата на трансферот на Нејмар.
Како противуслуга за „тргувањето со влијание“, Ренсон добил влезници за натпреварите на ПСЖ у други бенефиции.