Потпретседателот на Севиља: „Помеѓу нас и Рамос нема ништо“

Серхио Рамос летово го заврши својот престој во ПСЖ и како слободен фудбалер може да си бара нов клуб. Неговата желба беше да се врати онаму каде што започна, во Севиља, но во моментов тешко дека ќе му се исполни.

„Серхио Рамос е фантастичен фудбалер и потекнува од нашата фудбалска школа. Но, тој во моментов не е опција за Севиља, помеѓу нас и него нема ништо“, изјави потпретседателот на Севиља, Караско.

Со оваа изјава згаснуваат и надежите дека Рамос ќе се врати во Севиља, а оваа изјава следува откако клубот од Андалузија западна во тешка финансиска состојба и долгови од 90 милиони евра поради кои ќе мора да продаде голем број фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести