Македонската кошаркарска федерација објави дека влезот во „СРЦ Кале“ во Скопје за натпреварот на Македонија и Азербејџан од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година ќе биде слободен.
Ова е отворена покана до сите искрени љубители на кошарката и фанови на најдобрата машка репрезентација на Македонија да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар.
Мечот почнува во 19 часот, a обезбеден е и директен телевизиски пренос на националниот сервис МРТ.

