Маркус Рашфорд, младата ѕвезда на Манчестер јунајтед, е прилично активен за време на кризниот период и пандемијата со корона-вирусот. Во соработка со една хуманитарна организација, Рашфорд се погрижи да се обезбедат оброци за три милиони загрозени граѓани на Велика Британија.
Англискиот репрезентативец неколкукратно донираше средства за оваа намена, а денес преку „Твитер“ се пофали дека првиот дел од операцијата е успешно завршен. Рашфорд исто така најави дека борбата продолжува сè додека не обезбеди храна за сите деца на просторите на Велика Британија кои се загрозени и страдаат во овој кризен период.
https://twitter.com/MarcusRashford/status/1271122996879638528