Некогашниот англиски репрезентативец Деле Али пред неколку месеци се врати во дресот на Евертон. Во последното интервју што го даде, Али даде шокантно признание дека како дете бил сексуално злоставуван од пријател на неговата мајка.
Во емисијата „Преклопување“ со Гери Невил, фудбалерот откри дека до неодамна бил на одвикнување од зависност од таплети за спиење. Потоа Али ги откри траумите од детството.
„Кога имав шест години ме злоставуваше пријател на мајка ми. Мојата мајка беше алкохоличарка. Тоа се случи кога имав само шест години“, шокираше фудбалерот на Евертон, а потоа продолжи со откривање на своите трауми.
„Потоа бев испратен во Африка за да се научам на дисциплина. Пота бев вратен. Со седум години почнав да пушам, а потоа кога имав осум години почнав да продавам дрога. Една постара жена ми рече дека сум помалку сомнителен бидејќи сум дете кое вози велосипед, а јас во мене носев дрога. Кога имав 12 години ме посвои едно семејство. Не можев да побарам подобра фамилија да ме посвои. Ако Господ ги создал луѓето, тоа се тие луѓе. Беа неверојатни и многу ми помогнаа“, раскажуваше Али.
Кариерата на Али е во надолна линија. Тој блескаше во дресот на Тотенхем во периодот од 2015 до 2022 година, а потоа потпиша за Евертон. Потоа беше на позајмица во Бешикташ, а сега се врати во дресот на тимот од Ливерпул.
– Alcoholic mom
– Molested by his mom's friend at 6
– Started smoking at 7
– Started selling drugs at 8 (selling)
– Hung off a bridge at 11
– Adopted at 12Wishing Dele Alli the best for the future ❤️pic.twitter.com/ZI0dfHiuur
— Total Football (@TotalFootbol) July 13, 2023