10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Потресно сведоштво: „Жежовиќ ми даваше совети, а потоа се сврте кон клупата и кажа….“

Трагедија во која почина тренерот на Раднички Крагуевац, Младен Жежовиќ, е веста која вчера го потресе регионот. За време на гостувањето во Лучани кај Младост, на Жежовиќ му се слоши во средината од првото полувреме и падна покрај теренот.

Лекарите брзо реагираа, но, за жал, не можеа да го спасат животот на 45-годишниот тренер на Раднички. Фудбалерот на Раднички, Мехмед Ќосиќ, беше еден од последните со кои комуницираше несреќниот Жежовиќ.

„Не можев да заспијам до три и пол по полноќ. Немам зборови, бевме запрепастени. Го враќам филмот во главата. Ми даваше совети, се сврте и видов дека во еден момент разговараше со судијата покрај клупите. Потоа отиде кон нашата клупа, се сврте кон другите и рече „Не се чувствувам добро, не се чувствувам добро“. Падна, сè друго видовте… На видеото што се појави на социјалните мрежи се слушаат вресоци“, ја започна својата шокантна исповед за „Фактор“ искусниот дефанзивец на Раднички за најтрауматичната сцена што ја доживеал на теренот.

Искусниот дефанзивец истакна дека Жижовиќ се жалел на проблеми по заедничкиот ручек, но дека сè изгледало во ред за време на загревањето.

„Велат дека се жалел на рибата, рекол дека повеќе нема да ја јаде. За тоа зборувал. За време на загревањето не се забележуваше дека има проблем. Кога натпреварот започна, сè било во ред“, раскажува Ќосиќ, додавајќи дека никој не очекувал дека може да се случи најлошото.

„Продолживме да играме, надевајќи се дека најлошото нема да се случи и дека тој повторно ќе биде со нас. Беше јасно дека тоа не е сè, но рековме дека играме за него и дека сакаме да го наградиме со победа. Не бевме фокусирани, бевме во неверица, но не сакавме да го разочараме. Верувавме дека тој повторно ќе се врати и ќе биде со нас и дека ќе ја прославиме победата. Потоа следуваше целосен шок. Судијата одеднаш ја прекина играта. Некој рече „умре“. Сè запре во еден миг…“, рече емотивниот Ќосиќ.

Жежовиќ во текот на тренерската кариера беше на клупата и на скопскиот тим Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести