На претстојниот Евробаскет, репрезентацијата на Италија е во групата Ц, со селекциите на Грција, Грузија, Босна и Херцеговина, Шпанија и Кипар, а селекторот Џанмарко Поцеко даде интересен одговор на прашањето каде ја рангира оваа Италија и може ли да освојат медал?
„Имам право да мислам дека моите момци се конкурентни, имаме право на соништа. Но, во текот на зимата, речиси никој не покажа доверба во националниот тим. Ги прашувам оние што сега зборуваат за медали: од кого да земеме медал, од Србија, од Германија или од Франција?“, рече Поцеко, кој нагласи дека не се плаши од ниту еден ривал и рече дека ќе го води тимот со сето свое срце, по цена на технички грешки и исклучувања.
Според квотите во Sport Life, главен фаворит е Србија пред Германија и Франција, а поголеми шанси за титулата од Италија им се даваат и на Грција, Шпанија, Словенија и Летонија. Квота од 25.0 како за Италија има и за Литванија и Турција.