Не постои Македонец што не ги памети клучните поени на Лестер Бо Мекејлеб во дуелот против Грузија, по кој македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во 2011 година.
Дуелот се играше токму на денот на независноста, големиот наш празник кој стана уште попразничен по историскиот пласман на Евробаскетот.
„Гооооооллш“ извика коментаторот Игор Трпевски по положувањето на Мекејлеб за 65:63 на две секунди до крајот на мечот. Македонија за првпат играше во четвртфиналето на ЕП, каде што потоа го елиминираше домаќинот Литванија, а во полуфиналето загубија од подоцна европските прваци Шпанија.
Честит Ден на независноста Македонијо!