Манчестер сити и Манчестер јунајтед во недела од 17:30 часот го играат големото градско дерби во пресрет на новото коло од Премиер лигата.
На тимот на Пеп Гвардиола му е потребна победа за да остане или да ја зголеми предноста над Ливерпул, додека гостите од „Олд Трафорд“ им се потребни трите бодови за да останат во борбата за место во Лигата на шампионите.
Специјализираните англиски медиуми го составија најдобриот тим од овие две екипи а интересно е што целата стартна постава е од Манчестер сити. Додека на клупата за резервни играчи се наоѓаат само Кристијано Роналдо и Давид де Хеа.