Потврда и од Ла Лига: Мбапе налето се сели во Реал!

Веќе на сите им е јасно дека Килијан Мбапе налето ќе го замени ПСЖ со Реал Мадрид, и тоа како слободен фудбалер и без обесштетување. За овој трансфер потврда стигна и од претседателот на Ла Лига, чија реакција е помалку еуфорична.

– „Многу ми е мило што Реал Мадрид потпиша со Мбапе и што со неговото доаѓање ќе направат одлична екипа. Пресреќен сум.“ – рече Хавиер Тебес, претседателот на Ла Лига.

Ваквата изјава на првиот човек на Ла Лига сигурно дека ќе предизвика револт и негодување кај навивачите и поддржувачите на Барселона, но и кај раководството на „каталонците“, со оглед на намалениот буџет за плати за следната сезона од страна на Ла Лига, според која одлука Реал Мадрид ќе има 500 милиони евра за трошење повеќе од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести