Погба и на вториот тест е позитивен на допинг, можно е ова да е крај на неговата кариера

Француската фудбалска ѕвезда Пол Погба пред помалку од еден месец падна на допинг тест. Тој бил позитивен на тестесторон откако бил повикан на стандардната допинг-контрола по завршување на мечот од Серија А против Удинезе во август.

На тој меч одигран на 20 август, Погба го одигра целиот меч, а Јувентус победи убедливо со 3:0. На следните два меча, Погба на теренот влегуваше од клупата за резерви против Болоња и Емполи.

Денеска на Погба му бил направен нов тест и тој бил позитивен, па само што се потврди првичната констатација. Според најавите, Погба го чека долга суспензија. Според стандардните процедури, тоа треба да биде суспензија од четири години. Доколку тоа се случи, би можело да значи дека Погба ќе стави крај на кариерата.

Погба кариерата ја започна во дресот на Манчестер јунајтед во 2011 година, а потоа направи трансфер во Јувентус. По четири години поминати во дресот на Старата дама, Погба се врати на „Олд Трафорд“ за трасфер вреден 100 милиони евра. Потоа одигра шест сезони во Манчестер јунајтед, а во 2022 година се врати во Јувентус. Одигра и 91 натпревар во дресот на француската репрезентација и има постигнато 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести