Потврден терминот за Ел Класико, Реал ќе го чека пеколна недела

Реал Мадрид ќе биде домаќин на Барселона во Ел Класико дуелот кој ќе се игра на 10 април во 21 часот, беше денеска потврдено. трката за титулата во Шпанија е една од највозбудливите во последните неколку години, затоа што дури три екипи веруваат во освојување на трофејот.

Атлетико Мадрид е лидер со 63 бодови, но Барселона (59 бодови) и Реал Мадрид (57 бодови) не се предаваат и ги бркаат Јорганџиите. Токму затоа, Ел Класико може да реши многу дилеми околу трката во Примера дивисион. Датумот 10 април е еден од најлошите што можеше за Реал Мадрид, ако се знае дека тоа ќе биде пеколна недела за Кралевите.

Според распоредот на УЕФА, Реал на 6/7 април ќе го игра првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а на 13/14 април треба да го игра реваншот. Тоа значи дека Ел Класико за Реал доаѓа меѓу двата дуели во елитната лига на УЕФА. Следниот ривал во ЛШ, Реал ќе го дознае на утрешната ждрепка во Нион.

Во првото Ел Класико сезонава, Реал Мадрид на „Камп Ноу“ победи со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести