Потврдена казната за Французинот, Погба повеќе нема да игра фудбал?!

Францускиот репрезентативец Пол Погба е суспендиран на четири години поради допинг, објавија италијанските медиуми.

Погба на 11 септември минатата година беше суспендиран откако му беше пронајден тестостерон на тестот по натпреварот на Јувентус против Удинезе кој се одигра на 20 август.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1763168414451806688?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1763168414451806688%7Ctwgr%5Eb31222101068253a04aed650eadfdb431af3c8b9%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fserie-a%2Fovo-bi-mogao-biti-kraj-njegove-karijere-paul-pogba-dobio-drakonsku-kaznu-zbog-dopinga-15433665

 

Откако и вториот примерок беше позитивен на шести октомври, Погба беше суспендиран и ја чекаше конечната казна. Таа стигна денеска и според неа, Французинот нема да игра фудбал во следните четири години, што може да претставува и крај на кариерата.

Погба на 15 март ќе наполни 31 година, a кога ќе му истече суспензијата, тој ќе има 35 години и прашање е дали некоја екипа би го ангажирала.

Погба во кариерата со Јувентус освои четири титули во Серија А, со Манчестер јунајтед триумфира во Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на Франција во 2018 година триумфира на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести