15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Потврдена повредата на Меси

Барселона ја потврди повредата на Лионел Меси со која се здоби вчера во победата на Вилјареал. Настрада бутниот мускул од левата нога на Аргентинецот, по што му следува пауза на неодредено време. Се работи за истегнување, па во зависност од самиот Меси како ќе напредува со рехабилитацијата, ќе се одреди неговото враќање на терените.

Мега-ѕвездата на Каталонците многу веројатно нема да биде дел од тимот за гостувањето кај Хетафе во сабота, додека можно е да го пропушти и дуелот против Интер на „Камп ноу“ во рамките од второто коло на ЛШ. Уште поголем проблем за Ернесто Валверде е што по средбата со Нераѕурите, Барса ќе ја пречека Севилја на почетокот од октомври пред следната репрезентативна пауза.

Меси вчера за првпат оваа сезона од првата минута се најде на теренот, а одигра само 45 минути откако со повредата се здоби само по половина час игра.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1176920020217188353

- Оглас -

Најнови вести