Потврдена трагичната вест: Убиен еден од тренерите на Шахтар Донецк

Директорот на славниот украински клуб Шахтар Донмецк, Сергеј Палкин, ја потврди трагичната вест дека еден од тренерите во младинскиот погон на клубот бил убиен.

Не беше откриено за кого се работи, но во соопштението на клубот стои дека еден од вработените тренери бил убиен во бомбардирањето од страна на руските сили.

„Еден од нашите вработени е убиен. Тренер во младинскиот погон. Бил убиен од дел од една граната. Русите убиваат Украинци, сопрете го ова лудило. Не може да останете да молчите. Секој од вас ќе биде одговорен за овој злочин“, вели Палкин во соопштението од клубот.

Шахтар е клуб кој се наоѓа во спорната област Донецк, која рускиот претседател Владимир Путин ја прогласи за независен регион. Од почетокот на воениот конфликт, досега беше потврдено дека загинаа двајца млади фудбалери и еден талентиран бијатлонец.

- Оглас -

Најнови вести