32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Потврдени пријателски мечеви со Саудиска Арабија во септември и Летонија во ноември

На новата верзија на официјалниот веб-сајт на Фудбалската федерација на Македонија, стои дека А тимот ќе игра пријателски мечеви против Саудиска Арабија и Летонија, нешто што досега јавно не беше потврдено.

Календарот за мечеви на националните тимови беше празен за по еден септемвриски и ноемвриски термин. На 4-ти септември, ќе играме со Саудиска Арабија и тоа во чешкиот град Плзен. Тоа ќе биде одличен тест пред средбата со Лихтенштајн на 7-ми во Скопје од квалификациите за СП 2026.

Во октомври избраниците на Благоја Милевски ќе имаат важни квалификациски пресметки со Белгија на гости и Казахстан дома, а потоа во ноември е крајот на мундијалските квалификации со гостување кај Велс на 18-ти ноември, откако четири дена претходно ќе имаме контролен меч во Скопје во Летонија.

- Оглас -

Најнови вести