Ракометната федерација на Македонија и официјално информира дека натпреварот од Суперкупот ќе се игра на 4 септември во Гевгелија. Во борба за овој трофеј, во салата „26 Април“ ќе се борат Пелистер и Алкалоид.
Битолскиот тим е актуелен шампион на Македонија, а Алкалоид е освојувач на Куп трофејот. Три дена по одигрувањето на Суперкупот, ќе стартува и првото коло од новото ракометно првенство на Македонија.