Потврдено е: Мурињо се враќа да биде тренер

Жозе Мурињо за многу брзо време ќе се врати во тренерските води. Ова го тврди претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас. Првиот човек на францускиот клуб е уверен дека Мурињо во следниот период ќе открие каде ќе работи затоа што лично добил таква потврда од португалскиот стратег.

„Се обидов да го уверам Мурињо дека Лион е добар клуб за да биде тренер. Сепак, бев одбиен со образложение дека тој е фокусиран на друг клуб и дека се наоѓа пред нов ангажман“, вели Жан-Мишел.

Наместо Мурињо, во Лион многу е веројатно дека ќе дојде Лоран Блан. Шпекулациите се дека Мурињо се мести да биде тренер во актуелниот европски вицепрвак Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести