Потврдено: Федерер е вонземјанин (видео)

Роџер Федерер се подготвува за настап на Ролан Гарос, односно за Отвореното првенство во Франција, каде што ќе настапи за првпат по пауза од две години. До стартот на Гренд слемот има уште четири дена, а Швајцарецот го користи времето за да биде максимално подготвен за секој предизвик.

Роџер не престанува да ги воодушевува своите фанови и на тренинзите, а по овој потег, уште една докажа дека е тениски мајстор. При ритерн на неговиот спаринг партнер, Федерер го залепи топчето за рекетот како да е нормална работа, а ретко кој може да го направи ова.

 

- Оглас -

Најнови вести