Потврдено: Ѓоковиќ ќе игра на прошталниот натпревар на Дел Потро

Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро важат за големи пријатели, не само на тениските терени, туку и надвор. Аргентинецот на први декември и официјално заминува во пензија со одигрување на проштален натпревар во Буенос Аирес, а противник ќе биде токму најдобриот тенисер на сите времиња.

„Имам сон. Мојот последен натпревар сакам да го одиграм во Аргентина и би сакал да дојдеш“, му вели Дел Потро на Ѓоковиќ, кој одговара: „Секако дека ќе дојдам. За тебе и за Аргентина. Секако!“

- Оглас -

Најнови вести