Потврдено: голманот киксер е во врска со убавата новинарка Дилета Леота! (Фото)

Она што се шушкаше изминатиот период, доби и официјална потврда со фотографии како доказ: Лорис Кариус и Дилета Леота се во љубовна врска.

Германскиот голман, кој е познат по киксевите од финалето на ЛШ во 2018 година, кога беше на голот на Ливерпул, исто така е познат и како некој кој често „мува“ супер згодни и познати девојки, па и Дилета се најде на неговата импресивна листа.

Италијанската новинарка е најпосакуваната телевизиска девојка во светот на фудбалот, пред Кариус, беше во врска со турскиот актер Џан Јаман, но раскинаа откако тој ја побара за жена, а Дилета не сака да се врзува. Кариус е голман на Њукасл, но нема брането сезонава.

Кариус и Дилета фатени за рака шетаа куче низ Милано, а потоа беа снимени и на романтична вечера. Дилета е две години постара од Кариус, а според фотографиите на папараците, љубовта им цути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести