Потврдено: И Милитао ја доживеа истата повреда како и Куртоа

Реал Мадрид за само 48 часа доживеа два тешки удари, остана без двајца клучни играчи, Тибо Куртоа и Едер Милитао.

Прво на последните тренинзи пред стартот на новата сезона се повреди Куртоа, а вчера на дуелот против Атлетик Билбао, се повреди и Милитао.

Денешните детални лекарски прегледи покажаа дека Милитао доживеал идентично повреда како и голманот, кинење на предните вкрстени лигаменти на коленото, што значи крај на сезоната за дефанзивецот.

Анчелоти и Реал реагираа експресно и најдоа замена за Куртоа, тоа ќе биде Кепа Аризабалага кој ќе дојде од Челси, додека за Милитао ќе се бара решение во следните денови.

Засега, на стоперската позиција, тренерот Анчелоти ги има Антонио Ридигер, Давид Алаба и Начо Фернандеш, но медиумите пишуваат дека Реал сигурно ќе се активира на трансфер-пазарот и ќе ангажира уште еден дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести