Јулијан Нагелсман не го водеше Баерн Минхен од клупата на гостувањето кај Бенфика затоа што имал настинка и останал во хотелот во Лисабон, од каде што телефонски даваше наредби до своите помошници, а утрово од баварскиот клуб информираа дека 34-годишниот тренер е позитивен на корона-вирус.
„Нагелсман има позитивен резултат на тестирањето за ковид-19 иако е целосно вакциниран. Тој ќе се врати дома одделно од тимот со специјален медицински авион и потоа ќе замине во домашна изолација“, велат од Баерн.