Потврдено: Капитенот на Манчестер јунајтед се пресели во Интер

Ешли Јанг и дефинитивно е нов играч на Интер. Досегашниот капитен на Манчестер јунајтед замина во италијанскиот тим за трансфер од 1,5 милиони евра. Јанг е трет играч од „Олд Трафорд“ кој во последниве неколку месеци се сели во Интер. Претходно тоа го направија Ромелу Лукаку и Алекси Санчес.

Тренерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер вели дека најкоректно било да му се дозволи на Јанг да си замине. Ешли дојде кај Црвените ѓаволи во 2011 година и одигра преку 250 меча.

„Беше верен на клубот, освојуваше трофеи, но дојде време Ешли Јанг да најде нов предизвик“, рече Солскјер, кој откри дека  улогата на капитен во тимот ќе ја превземе Хари Мегваер.

 

- Оглас -

Најнови вести