Потврдено: Македонија без капитенот Барди ќе им се спротивстави на Хрватска и на Чешка

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да ѝ биде на располагање на македонската А репрезентација за натпреварите против Хрватска и Чешка.

„Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство, која го спречува нашиот репрезентативец да биде дел од подготовките и контролните натпревари кои ни следуваат. Енис Барди веќе ја започна рехабилитацијата, но, за жал, не е во можност да биде дел од тимот на Македонија за натпреварите на 3 јуни во Риека против Хрватска и на 10 јуни против Чешка во Храдец Кралове“, стои во дописот од Фудбалската федерација на Македонија.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски, барем до овој момент нема да повикува дополнителен фудбалер како замена за Енис Барди.

Денеска македонската репрезентација ќе одработи два тренинга, утринскиот од 10:00 часот и попладне од 18:00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

- Оглас -

Најнови вести