Потврдено од ФФМ и Ерменците: Контролата на 17 октомври во Струмица, во дневен термин

Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија контролниот натпревар меѓу А репрезентациите на овие две земји.

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 октомври, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток во 15 часот.

Последниот меч против Ерменија го одигравме на 11 ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022, кога во Ереван репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 5-0.

Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 меѓусебни натпревари. Нашата селекција има 5 победи, на три меча немаше победник, а Ерменија славеше трипати.

- Оглас -

Најнови вести