Пол Погба дефинитивно ќе го напушти Манчестер јунајтед. Ова го потврди неговиот агент Мино Рајола откако разговарал со челниците на Црвените ѓаволи. Рајола вели дека сите во Јунајтед се свесни што сака Погба и потврди дека започнат е процесот на трансфер надвор од „Олд трафорд“.
Веќе е познато дека Реал Мадрид и Јувентус се најзагреаните екипи за Французинот, а тој не ја отфрла можност да се врати во Торино, но би сакал да заигра и во дресот на Кралевите. Останува на гигантите да се наддаваат со своите понуди, а клубот што ќе обезбеди подобри услови за Погба ќе ги добие неговите услуги.
Додека Погба го користи одморот да шета во Њујорк, од него се очекува да се врати во тимот на Јунајтед за претсезонските подготовки, но оваа информација не ја потврди неговиот агент.