23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Потврдено: ВАР направи грешка, Манчестер сити даде гол од офсајд!

Во последниот меч од Премиер лигата, Манчестер сити убедливо со 5:1 го победи Фулам, но мечот остана запамтен по една контроверзна ситуација. При резултат 1:1, кога се играше судиското надополнување на првото полувреме, Аке постигна гол за водство на Сити од 2:1.

Токму овој погодок беше клучен затоа што Граѓаните мирно го дочекаа полувремето со предност. Голот на Аке беше контроверзен затоа што пред голманот на Фулам се најде Аканџи, кој иако не играше со топката, сепак јасно се виде дека му попречи на противничкиот чувар на мрежата да реагира, а во такви ситуации се суди офсајд. Тоа го потврди и првиот човек на судиите во Англија, Хауард Веб.

„Ситуацијата е јасна, ова е офсајд-позиција. Тој погодок требаше да биде поништен. Аканџи има влијание врз голманот и тука нема ништо спорно“, изјави шефот на судиите во Премиер лигата, легендарниот Веб.

Во второто полувреме Сити без проблем постигна уште три гола и стигна до убедлива победа, но факт е дека погодокот за водство на полувреме беше нерегуларен. Дури и Ерлинг Халанд веднаш по мечот изјави дека му е жал за противничките играчи што на таков начин биле оштетени.

Правдата на овој дуел ја делеше Мајкл Оливер, кој е со значка на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести