Актуелниот европски првак во футсал, Португалија, ја слави првата титула светски шампион и на спектакуларниот турнир во Литванија ги престигна двата гиганти Бразил и Аргентина.
Денеска во големото финале во Каунас, Португалците го победија актуелниот светски шампион Аргентина со 2:1. Стрелец на двата гола за новиот владетел во футсалот беше Варела, а почесниот погодок за Гаучосите го даде Клаудино.
Португалците се изборија за финале со победа на пенали против Казахстан, а второто полуфинале и битката на вечните ривали ѝ припадна на Аргентина со триумф од 2:1 против Бразил.
Кариоките ја освоија бронзата со победа од 4:2 против Казахстан.