СТАРТНИ ПОСТАВИ: Поулсен ќе го глуми Вернер, Атлетико Мадрид без Феликс и само со Коста во нападот

Јусуф Поулсен, капитенот на Лајпциг, вечерва ќе го замени како шпиц најдобриот стрелец Тимо Вернер против Атлетико Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампионите што ќе се игра од 21 часот во Лисабон.

Вернер веќе е член на Челзи и воопшто и не беше земен во експедицијата на германскиот тим што отпатува за Лисабон на фајналејт-турнирот за титулата европски првак.

Атлетико Мадрид ќе игра само со еден класичен напаѓач, а прв адут за головите ќе биде Диего Коста. Диего Симеоне се одлучи за позатворена варијанта и ги остави на клупата Жоао Феликс и Алваро Мората.

Во четвртфиналето во Лигата на шампионите се игра само еден меч и вечерва ќе се знае и вториот полуфиналист, што ќе му биде противник на Пари Сен Жермен во полуфиналето.

Еве ги стартните состави на двете екипи што ќе истрчаат на „Жозе Алвеладе“ од 21 часот:

Лајпциг (4-3-3) – Гулаши – Халстенберг, Упамекано, Клостерман, Ангелино – Сабицер, Кампл, Лајмер – Нкунку, Поулсен, Олмо.

Атлетико Мадрид (4-4-2) – Облак – Трипие, Савиќ, Хименес, Лоди – Караско, Саул, Ерера, Коке – Љоренте, Коста.

 

- Оглас -

Најнови вести