Повампирената Салернитана не престанува да победува

Иако до пред еден месец се чинеше дека нема спас за Салернитана и дека овој клуб ќе се врати во Серија А, со четири победи и едно реми на последните пет меча, на чудесен начин успева да се извлече од опасната зона.

Попладнево во Салерно беше совладана последнопласираната Венеција со 2-1. На три кола до крајот, Салернитана е со еден бод плус во однос на Калјари, кој е трети од долу и би испаднал ако денеска заврши првенството.

Победничкиот гол беше од пенал, 100-ти пенал сезонава во Серија А, а Венеција средбата ја заврши со човек помалку и тие се негативни рекордери со осум исклучувања сезонава.

- Оглас -

Најнови вести